Активности



22.1.2009 год.

Соопштение од парламентарната работилница „Работејќи заедно - Развивање и имплементација на ефективна комисиска структура“

Во Собранието на Република Македонија на 22 јануари 2009 година (денеска) започна реализацијата на парламентарна работилница "Работејќи заедно - Развивање и имплементација на ефективна комисиска структура" во соработка со Вестминстер Фондација за Демократија.

Структурата на собраниската комисија, рамката на комисиската активност, улогата на комисиите, се темите кои се опфатени во денешните сесии. За вториот дел од работилницата 23 јануари (петок)) е предвидена расправа за значењето на комисиите во процесот на законодавство, споредба на комисиите и законодавството во Република Македонија и Велика Британија и подготовка на акционен план.

Учесници на работилниците, покрај координаторите на пратеничките групи и претседателите на комисиите на Собранието на Република Македонија, се и г. Грег Хендс, пратеник во Долниот Дом на Парламентот на Велика Британија, член на Конзервативната партија и член на Комисијата за надзор на европски прашања, г. Кејлум МекДоналд поранешен пратеник во Долниот Дом на Парламентот на Велика Британија, член на Лабуристичка партија и г. Бен Вилијамс, политички советник на координаторот на пратеничката група на Либерал демократската партија во Парламентот на Велика Британија.

Работилниците започнуваат со работа во 10 часот во сала на Уставна комисија во Собранието на Република Македонија.

Click