Активности



Петок, 18 декември 2009 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со пратениците на европскиот парламент  г-ѓа Тања Фајон и г. Зоран талер

Националниот совет за евроинтеграции одржа средба со г-ѓа Тања Фајон, пратеник во Европскиот парламент и известител за визната либерализација, на Република Македонија и г. Зоран Талер, пратеник во Европскиот парламент и известител за напредокот на Република Македонија.

На средбата присуствуваа членовите и претставниците на Националниот совет за евроинтеграции, членовите на Комисијата за надворешна политика, членовите на Комисијата за европски прашања, членовите на Мешовитиот парламентарен комитет на РМ-ЕУ, претставници на амбасадите од Кралството Шведска, Кралството Шпанија и Чешката Република, претставници од невладиниот сектор, медиумите и службата на Собранието на Република Македонија.           

На средбата свои дискусии имаа г-ѓа Радмила Шекеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Тања Фајон, пратеник во Европскиот парламент, г. Зоран Талер, пратеник во Европскиот парламент, г-ѓа Силвана Бонева потпретседател на  Националниот совет за евроинтеграции, г. Александар Спасеновски,  претседател на Мешовитиот парламентарен комитет на РМ-ЕУ и член на Советот, г-ѓа Флора Кадриу, член на Советот, г. Петар Поп Арсов, претседател на Комисија за европски прашања и член на Советот, г-ѓа Љубица Нури, претставник од Стопанска комора на Македонија, Владо Бучковски, член на Комисијата за надворешна политика, г-ѓа Лилјана Поповска, член на Комисијата за надворешна политика и г. Суад Мисини, претставник на Истражувачки центар за цивилно општество.

Click