Активности


Петок, 09 октомври 2009

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со г. Ролф Мафаел директор и ополномошен за начелни прашања за проширување на ЕУ во Германското министерство за надвореши работи

Националниот совет за евроинтеграции оствари средба со г. Ролф Мафаел, директор и ополномошен за начелни прашања за проширување на ЕУ во Германското министерство за надвореши работи. Во рамки на германската делегација присуствуваа г. Петер Бушман, претставник на Одделот за ЕУ проширување-односи на ЕУ со Западен Балкан и г-ѓа Улрике Кноц, амбасадор на Сојузна Република Германија.

На средбата присуствуваа претседателот на Советот Радмила Шекеринска, потпретседателот Силвана Бонева, членовите на Националниот совет за евроинтеграции Кенан Хасипи, Петар Поп Арсов и Флора Кадриу, претставникот од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија Сашо Стефков,  претседателот на Здружението на новинарите Роберт Поповски, претставникот од Заедницата  на единиците на локална самоуправа Зоранчо Алексов, претставник на Сојузот на стопански комори Мирче Чекреџи, претставникот на Конфедерацијата на слободни синдикати Дојчин Цветановски, претставникот од Исламската верска заедница Скендер Бузаку, претставникот на Еврејската заедница Жаклина Мучева и координторот на ДУИ Тахир Хани.

На средбата беа потенцирани двете клучни работи за 2009 година, а тие се - да се донесе конечна одлука за визната либерализација и очекување на позитивни вести со датум за почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.