Активности

Понеделник, 28 декември 2009 година

Триесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на Триесет и втората седница, одржана на 25 декември 2009 година, како матично работно тело ги разгледа Предлогот на закон за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (второ читање).

Предлог на законот за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија го образложи заменик-министерот за економија, д-р Методиј Хаџи-Васков. Тој во своето излагање истакна дека станува збор за менување на еден член од Законот, во којшто се регулира начинот на кој што Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија ги добива средствата за својата работа.

Наместо трансфер преку Министерството за економија, во Предлог-законот се предлага истиот да оди директно од Буџетот на Република Македонија. Со префрлањето на средствата од Буџетот ќе се има подобар увид и прегледност на начинот и на разните активности за коишто се користат овие средства кои што се префрлени на Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Македонија.

Според него, главна цел на оваа промена на членот е да се подобри увидот на конкретните активности кои што Агенцијата ги презема. Со донесување на овој Закон, заменик-министерот за економија истакна дека истиот ќе придонесе значително зајакнување на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија.

Комисијата за економски прашања, врз основа на расправата, едногласно заклучи дека Предлогот на закон за изменување на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија треба да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click