Соопштенија

Среда, 3 февруари 2010 година, Комисија за еднакви можности на жените и мажите

Јавна расправа на тема: Наградата „Бисери на мудроста“ за Македонија од Европската асоцијација за цервикален канцер

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Македонија, во соработка со Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ (членка на ЕЦЦА), Македонското женско лоби и Организацијата на жени од Свети Николе, во пресрет на Светскиот ден за борба со ракот, 4 февруари, денеска организираше jавна расправа на тема: Наградата „Бисери на мудроста“ за Македонија од Европската асоцијација за цервикален канцер (ЕЦЦА) - признание за напредокот и обврска за иднината.

Покрај претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, г-ѓа Лилјана Поповска, на јавната расправа свое обраќање имаа и претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, заменик-министерот за здравство, г.Владо Поповски, г-ѓа Неда Милевска- Костова, г-ѓа Даниела Паневска, како и членовите на Комисијата, претставници од невладиниот сектор и меѓународните организации.

Оваа награда Република Македонија ја доби на Самитот за цервикален канцер, што се одржа во Европскиот парламент во Брисел на 26 и 27 јануари 2010 година.

Добитници на наградата се Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, Министерството за здравство, Организацијата на жени од Свети Николе, Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ и Македонското женско лоби.

На крајот од јавната расправа, претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите г-ѓа Лилјана Поповска изрази задоволство до сите релевантни институции кои активно работеле на полето на борбата против цервикален канцер и посочи дека крајната цел е воспоставување на организирана скрининг програма и ХПВ вакцинација, а воедно истакна дека во иднина Комисијата заедно со Министерството за здравство ќе ги разгледаат состојбите со сите други видови на рак кои ги засегаат и жените и мажите.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.