Соопштенија
Вторник, 26 јануари 2010 година


Учество на пратеничката Лилјана Поповска на 4. Самит за рак на грлото на матката во Брисел

 
Лилјана Поповска, како претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на Република Македонија, учествува на 4. Самит за рак на грлото на матката кој, под насловот "Зрачење на грлото на матката и програми за ХПВ вакцинација во Европа", се одржува во Европскиот парламент на 26 и 27 јануари 2010 година, во соработка со групацијата Политичари за превенција на цервикален канцер и Европската асоцијација за цервикален канцер.

Во рамките на самитот, Лилјана Поповска ќе претседава со сесијата на 27.01.2010 година, а на 26.01.2010 година како признание за напредокот на Република Македонија и воведувањето на ХПВ вакцината, како претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, ќе ја прими наградата "Pearl of Wisdom", заедно со претставници од Министерството за здравство и од невладиниот сектор.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.