Активности



Четврток, 7 април 2011 година

Четириесет и петта седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и петтата седница, одржана на 6 април 2011 година, како матично работно тело, ја разгледа:

  • Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан.

Овластениот претставник од Министерството за одбрана, г-ѓа Сања Грујевска, ја образложи потребата од донесување на оваа Предлог-одлука.

Со оваа одлука, како дел од мисијата во Либан, се испраќа еден припадник на Армијата со чин мајор, за период од 12 месеци.
Комисијата за одбрана и безбедност едногласно му предложи на Собранието на Република Македонија: 

  • Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, да ја разгледа и донесе во предложениот текст.
Click