Активности



Четврток, 3 март 2011 година

Шеесетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на 60. седница одржана на 2 март 2011 година, како матично работно тело во второ читање го разгледа:

  • Предлогот на законот за меѓународни рестриктивни мерки (второ читање).

Во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата, Предлогот на законот за меѓународни рестриктивни мерки го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click