Активности



Четврток, 14 април 2011 година

Европарламентот се залага за европска перспектива на Западен Балкан

„Европа треба да биде отворена за проширување, а земјите од регионот мораат да ја завршат својата домашна задача“, истакна унгарскиот премиер, г. Виктор Орбан, на Заедничкиот парламентарен состанок во Брисел на тема „Западен Балкан - кон поинтегрирана Европа“.

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, исто така, се сложи дека Европа го гледа Западен Балкан како дел од европското семејство.

На вчерашното отворање на дводневната седница, претседателот на Европскиот парламент, г. Јержи Бузек, истакна дека Европарламентот силно се залага за европската перспектива на овие земји.

Претседателот на Унгарскиот парламент и воедно копретседател на седницата, г. Ласло Ковер, потенцираше дека заштитата на локалните култури и мирниот соживот е силата на Европа.

Во расправата за развојот на земјите од Западен Балкан, исто така, се вклучија и претседателот на Хрватскиот парламент, г. Лука Бебиќ и раководителот на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, г-ѓа Соња Бисерко.



Click