Активности



Четврток, 7 април 2011 година

ИЗЛЕЗЕ ЧЕТИРИНАЕСЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА БИЛТЕНОТ НА МЕШОВИТИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН КОМИТЕТ РМ-ЕУ

Денеска излезе новото издание на Билтенот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ. Актуелниот број ја пренесува промоцијата на публикацијата „Да ја запознаеме Европа“ од страна на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, г. Васко Наумовски, амбасадорот на ЕУ, г. Питер Соренсен и копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, г. Александар Спасеновски, пред учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел поблиско запознавање на младите генерации со европските вредности.

Исто така, во билтенот се пренесени неколку активности поврзани со процесот на европски интеграции на Собранието на Република Македонија, како средбата на претседателот на Косово, г. Беџет Пацоли со претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, средбата на пратениците од Комисијата за надворешна политика при Собранието на Република Македонија со нивните колеги од Парламентот на Република Унгарија, земја претседавач со Советот на ЕУ и посетата на европратеникот Сандра Калниете со собраниските тела задолжени за евроинтеграции и со членовите од Комисијата за земјоделие, шумарство и водостопанство при Собранието на Република Македонија.

Последниот број на Билтенот, како и неговите минати изданија, можете да ги прочитате на следнава адреса:
http://www.sobranie.mk//mpk-bilten.nspx
а за повеќе информации за активностите на МПК, одете на следниов линк:
http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=B052DC5680964D41A79CCA558F2A68E4

Click