Активности



Вторник, 15 март 2011 година

Работна средба на Клубот на пратенички по повод Светскиот ден на бубрезите

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија оствари работна средба по повод денешниот Светски ден на бубрезите, во организација на Македонското здружение за нефрологија, трансплатација и вештачки органи.

На средбата присуствуваа координаторот на Клубот на пратенички, г-ѓа Катерина Димеска; г-ѓа Зумрете Јакупи, член на Клубот на пратенички; г-ѓа Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија, како и други пратеници.

Гости на средбата беа: проф. д-р Оливера Стојчева-Танева, претседател на Македонскиот бубрежен регистар, д-р Љубинко Трпеновски, секретар на Здружението на бубрежно болни - Хефрон, г-ѓа Павлинка Балиска, технички секретар во Здружението Нефрон, г-ѓа Биљана Сарџовска, лаборант и г. Нергис Бектеш, медицински техничар.

Преку дискусија беа разменети повеќе искуства во врска со актуелните проблеми од овој тип во светот и кај нас. Повеќето од пратениците се согласија да бидат дел од акцијата по повод Светскиот ден на бубрезите, односно да дадат своја крв и урина за тестирање од бубрежно заболување.

На крајот од средбата, беше изразена надеж дека Клубот на пратенички и во иднина ќе работи за свикување и организирање на уште многу активности од ваков или сличен вид.

Click