Активности



Четврток, 7 април 2011 година

Светски ден на здравјето

Денеска, 7 април, е Светскиот ден на здравјето, чија цел е да се изгради поголема свест за глобалните здравствени приоритети за кои се грижи Светската здравствена организација.

СЗО секоја година избира клучен глобален здравствен проблем и организира меѓународни, регионални и локални манифестации, не само на 7 април, туку и во текот на целата година.

Оваа година ќе се промовира нова регионална стратегија за спречување на ширењето на резистенцијата кон лековите. СЗО апелира до сите клучни страни, вклучувајќи ги креаторите на политиките, јавноста и пациентите, докторите и оние кои препишуваат лекови, ветеринарите, земјоделците, фармацевтите и фармацевтската индустрија, соодветно и одговорно да ги користат антибиотиците.

Основното право на здравствена заштита е заштитено со Социјалната повелба на Советот на Европа.

Советот има за цел да поттикне потесна европска соработка на полето на здравството и да создаде услови за заштита и подобрување на здравјето на Европејците.

Главните активности, пред сè, се насочени на гарантирање на рамноправен пристап до висококвалитетна здравствена заштита, а дел од приоритетите на Советот на Европа, исто така, се и превенцијата и здравственото образование. 

Инаку, Светскиот ден на здравјето се одбележува секој 7 април уште од 1950 година, под покровителство на Светската здравствена организација.



 

 

Click