99. седница на Комисијата за финансирање и буџет 21.3.11...



Понеделник, 21 март 2011 година

Деведесет и деветта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Деведесет и деветтата седница, одржана денеска, како матично работно тело ги разгледа

Прочитај повеќе

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со европрате...



Петок, 18 март 2011 година

Средба на Националниот совет за евроинтеграции со европратеникот, г-ѓа Сандра Калниете

На средбата, покрај потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Силвана Бонева, присуствуваа и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп Арсов, копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија–Европска унија, г. Александар Спасеновски, заменик-претседателот на Комисијата за надворешна политика, г. Васко Шутаров, претставници и членови на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и останати пратеници, членови и претставници на Советот и Комисиите.

Прочитај повеќе

57. седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водо...



Петок, 18 март 2011 година

Педесет и седма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Педесет и седма седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа

Прочитај повеќе

35. седница на Комисијата за здравство 18.3.11...



Петок, 18 март 2011 година

Триесет и петта седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана вчера, како матично работно тело го разгледа

Прочитај повеќе

71. седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија ...



Петок, 18 март 2011 година

Седумдесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Седумдесет и прва седница, како матично работно тело го разгледа

Прочитај повеќе

64. седница на Комисијата за труд и социјална политика 18.3...



Петок, 18 март 2011 година

Шеесет и четврта седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и четвртата седница одржана на 17 март 2011 година, како матично работно тело го разгледа

Прочитај повеќе

Средба на Дулиќ со претставници на МНР на Република Хрватск...



Четврток, 17 март 2011 година

Средба на г-ѓа Благородна Дулиќ со претставници на министерството за надворешни работи на Република Хрватска

Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ  и членовите на Групата, денеска во Собранието на Република Македонија остварија средба со претставници на Министерството за надворешни работи на Република Хрватска.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, г-ѓа Благородна Дулиќ, присуствуваа и членовите на Групата: г. Васко Шутаров, г-ѓа Надица Танчева-Тулиева и г. Панче Дамески.

Во состав на хрватската делегација беа Н.Е. Марио Нобило, амбасадор, државен секретар на министерството за надворешни работи на Република Хрватска; Н.Е. Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија; г. Стјепан Глас, ополномоштен министер во Амбасадата на Република Хрватска во Република Македонија и г. Петар Михатов, советник на министерот за надворешни работи.

Претседателот на Пратеничката група, г-ѓа Благородна Дулиќ, средбата ја искористи да ги запознае присутните со актуелната политичка ситуација со која се соочува Република Македонија, а беа разменети мислења по прашањето за името и стремежот на Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО.

Присутните ги посочија досегашните добри билатерални односи помеѓу двете земји, како и надеж за развивање и продлабочување на таа соработка на сите полиња во иднина.

Беше истакната и спогодбата постигната во Сплит за заемно решавање на прашањата со малцинствата помеѓу двете држави, односно македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија.

Н.Е. Марио Нобило, амбасадор, државен секретар на министерството за надворешни работи на Република Хрватска, посочи дека на оваа средба гледа како можност за размена и пренос на совети помеѓу двете држави и дека Република Хрватска може со своето искуство да ѝ помогне на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, а со тоа и на регионот.

Прочитај повеќе

Андреј Жерновски, 17.3.2011...



Четврток, 17 март 2011 година

Учество на пратеникот Андреј Жерновски на состанокот на Комисијата за миграции, население и бегалци на Парламентарното собрание на Советот на Европа

На состанокот, г. Андреј Жерновски беше определен и за известител на темата: „Недозволена трговија со мигранти за присилно вработување". Станува збор за проблем со кој се соочуваат сите европски држави, имајќи предвид дека оваа форма на криминална активност е трета по обем, по недозволената трговија со наркотици и оружје

Прочитај повеќе

Европарламентот ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот...



Среда, 16 март 2011 година

Европарламентот ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, со 49 гласа „за“, 7 „против“ и 3 „воздржани“, попладнево ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија, подготвена од словенечкиот европратеник, г. Зоран Талер.

Беа постигнати 14 компромисни амандмани за новиот текст на Резолуцијата, усвојувајќи уште околу 50 други амандмани од вкупно поднесените 152.

Клучната препорака во Резолуцијата е Македонија што побрзо да започне преговори за членство во Европската унија.

„Наша цел е Македонија да ѝ се приклучи на ЕУ во блиска иднина. Затоа Европскиот парламент препорачува пристапните преговори да почнат веднаш, што двапати беше потврдено и побарано и од Европската комисија“, изјави европратеникот Талер. 

Во Резолуцијата, исто така, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, г-ѓа Кетрин Ештон и комесарот за проширување, г. Штефан Филе, беа повикани поактивно да се ангажираат за наоѓање решение во спорот за името со Грција. 

Во еден од компромисните амандмани, се инсистира „двете страни да ги разрешат билатерланите проблеми  во духот на добрососедството, водејќи  сметка за општиот интерес на ЕУ“.

Конечниот текст на документот ќе биде објавен наскоро од службите на Европскиот парламент, откако ќе бидат проверени резултатите од денешното гласање.

По изгласувањето во Комисијата за надворешни работи, Резолуцијата за Македонија ќе биде ставена на пленарната седница на Европскиот парламент, закажана за во април, во Стразбур.

Прочитај повеќе

97. седница на Комисијата за финансирање и буџет 15.3.11...



Вторник, 15 март 2011 година

Деведесет и седма седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на Деведесет и седмата седница одржана на 10 март 2011 година, како матично работно тело разгледа пет Предлог-закони, кои ги образложи заменикот на министерот за финансии, г. Недим Рамизи

Прочитај повеќе

Средба КЕП 14.3.11...



Понеделник, 14 март 2011 година

За Македонија е многу значајно да продолжи да ги исполнува критериумите за членство во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Петар Поп-Арсов и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, г. Александар Спасеновски, остварија средба со новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Н.Е. Питер Соренсен

Прочитај повеќе

25 седница на Комисијата за култура 14.3.11...



Понеделник, 14 март 2011 година

Дваесет и петта седница на Комисијата за култура

Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и петтата седница, одржана на 11 март 2011 година, како матично работно тело, ги разгледа

Прочитај повеќе

61 седница на Комисијата за економски прашања 14.3.11...



Понеделник, 14 март 2011 година

Шеесет и прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на Шеесет и првата седница, одржана на 11 март 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа

Прочитај повеќе

Средба на Светлана Јакимовска, 11.3.2011...



Петок, 11 март 2011 година

Светлана Јакимовска, потпретседател на Собранието на Република Македонија оствари средба со г-ѓа Лиа Шемтов, претседател на Групата за пријателство Израел-Македонија во Кнесетот на Државата Израел

На средбата гостите ѝ ги пренесоа на г-ѓа Јакимовска своите впечатоци од церемонијата по повод свеченото отворање на Меморијалниот центар на холокуастот на Евреите од Македонија, притоа нагласувајќи дека со овој чин повторно се потврдуваат блиските и пријателски врски меѓу Република Македонија и Државата Израел. Беше подвлечено дека Република Македонија треба да претставува пример и за многу побогати и поразвиени земји во однос на тоа како се справува со предизвиците на мултиетничкото општество, притоа почитувајќи ги сите свои граѓани на достоен начин

Прочитај повеќе

Работна средба на пратеникот Павле Трајанов, 10.3.2011...



Четврток, 10 март 2011 година

Работна средба на претседателите на парламентарните групи за соработка на собранието на република македонија и на државата израел

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, по повод отворањето на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, вчера оствари работна средба со г-ѓа Лиа Шемтов, претседателка на Групата за пријателство Израел-Македонија во Кнесетот на Државата Израел

Прочитај повеќе
1...456...9          
Click