Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот)
Делегацијата во Парламентарното собрание на Медитеранот се состои од шеф, двајца членови и тројца заменици членови на Делегацијата.
Шеф на делегацијата: ИЛИЈА ДИМОВСКИ
Членови: ХАРАЛАМПИЕ ШОКАРОВСКИ
ЕМИЛИЈАН СТАНКОВИЌ
Заменици - членови: НЕЏАТИ ЈАКУПИ
БЕХИЏУДИН ШЕХАБИ
БЕКИМ ФАЗЛИУ
Парламентарното собрание на Медитеранот е релативно нова меѓународна мултилатерална организација и претставува продолжување на парламентарна димензија на долгодишната Конференција за соработка во Медитеранот (ЦСЦМ), процес кој функционираше во рамките на Интерпарламентарната унија (ИПУ), а како самостојна меѓународна мултилатерална организација започна да функционира од септември 2006 година. Инаугуративната сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот се одржа на 10 и 11 септември 2006 година во Аман, Хашемитско Кралство Јордан, кога со консензус беше усвоен Статутот на оваа организација.
Земји-членки на Парламентарното собрание на Медитеранот се парламентите на земјите од медитеранскиот брег: Албанија, Алжир, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Египет, Франција, Грција, Израел, Италија, Либан, Либиска Арапска Џамахирија, Малта, Монако, Мароко, Србија, Црна Гора, Словенија, Шпанија, Сириска Арапска Република, Тунис, Турција и Палестина. Исто така, членки на ПС на Медитеранот се парламентите на Република Македонија, Јордан и Португалија, држави кои не излегуваат на Медитеранот, но кои економски, политички и стратешки директно се поврзани со него.
Парламентарното Собрание на Медитеранот заседава на пленарна седница, еднаш годишно. Неколку месеци пред одржувањето на годишното заседание, се состануваат трите постојани комитети.
Парламентарното собрание е воспоставено со цел да се даде поголемо значење на парламентарната дипломатија во медитеранскиот регион, односно регионот да се здобие со сопствен парламентарен форум, како и зајакнување и унапредување на дијалогот меѓу културите.