Активности



Понеделник, 21 ноември 2011 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на денешната Четиринаесетта седница, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација (во второ читање).

Комисијата едногласно заклучи дека согласно Деловникот на Собранието на Република Македонија не се исполнети условите за подготвување на  Дополнет предлог и му предлага на Собранието на Република Македонија да го разгледа и донесе законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.


Click