Активности



Вторник, 20 декември 2011 година

Петнаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Петнаесеттата седница, одржана на 16 декември 2011 година, во второ читање го разгледа:

  • Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик.

Претседателот на Комисијата, г. Илија Китаноски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи. 

Комисијата го проследи Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click