Активности


Среда, 28 декември 2011 година

Шеснаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на Шеснаесеттата седница, одржана на 21 декември 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта (второ читање);
  • Предлог-законот за изменување на Законот процена (скратена постапка);
  • Предлог-законот за дополнување на Законот за бесплатна правна помош (скратена постапка).

Претседателот на Kомисијата, г. Илија Китаноски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија по предложените Предлог-закони не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Во дискусијата учествуваа пратениците: г. Илија Китаноски, г. Илија Димовски, г. Талат Џафери, г. Сузана Салиу и г-ѓа Ана Павловска-Данева.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците по Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта поднесе еден амандман, кој со 7 гласа „за“ и 2 „против“ беше усвоен.

Комисијата Предлог-законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.