Активности



Четврток, 15 декември 2011 година

Дванаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на Дванаесеттата седница, одржана на 14 декември 2011 година, како матично работно тело, го разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање;

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Тахир Хани, заменик-министер за транспорт и врски.

Во образложението по Предлог-законот, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г. Благоја Стојановски, г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Тања Томиќ, г. Николче Ацески, г. Павле Саздов, г. Горан Мисовски, г. Газменд Алији и г. Рејхан Дурмиши.

На крајот од расправата Комисијата со 6 гласа „за“ и 1 „против“, го усвои следниов Заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење - I читање од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, оцени дека Предлог-законот е прифатлив и дека треба да се даде на натамошно читање.
Click