Активности



Четврток, 21 јули 2011 година

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 18 јули 2011 година, како матично работно тело, го разгледа:

  • Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2010 година.

Извештајот го образложи директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, г. Димитар Георѓиевски.

Во претресот по Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2010 година, учествуваа пратениците: г. Гордан Георгиев, г. Ердоган Сарач, г. Кенан Хасипи и г-ѓа Весна Бендевска.

Врз основа на расправата, Комисијата заклучи да му предложи на Собранието да го донесе следниов Заклучок:

  1. Собранието го усвои Годишниот извештај за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2010 година;
  2. Овој Заклучок, заедно со Извештајот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, да се достави до Дирекцијата за заштита на личните податоци и Владата на Република Македонија.
Click