Активности



Вторник, 6 декември 2011 година

Осма седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Осмата седница, одржана на 29 ноември 2011 година и прво продолжение на 2 декември 2011 година, како матично работно тело ги разгледа:

  • Предлогот на законот за посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија (прво читање);
  • Предлогот на законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување(прво читање);
  • Предлогот на законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (прво читање);
  • Предлогот на законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија (прво читање);
  • Предлог на законот за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија (прво читање);
  • Предлогот на законот за минимална плата во Република Македонија (прво читање);
  • Предлогот на законот за ратификација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност и Факултативниот Протокол кон Конвенцијата за правата на лица со инвалидност;
  • Предлогот на законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (прво читање).

На седницата на Комисијата, потребата од донесување на Предлог-законите ја образложи претставникот на Владата на Република Македонија, министерот за труд и социјална политика, г. Спиро Ристовски, во согласност со образложенијата од Предлог-законите.

Комисијата врз основа на членот 141 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и врз основа на расправата, констатираше дека има потреба од нивно донесување, имајќи ги предвид начелата врз кои се засновуваат Предлог-законите, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување.

Врз основа на членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за труд и социјална политика со 8 гласа „за" по Предлог-законот за изменување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, 5 гласа „за" и 4 „против" по Предлогот на закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија и со 7 гласа „за" и 4 гласа „против" по Предлогот на законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, констатираше дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно, односно на второ читање.

Во однос на останатите Предлог-закони, Комисијата за труд и социјална политика по завршување на расправата едногласно констатираше дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно, односно на второ читање.

Click