Активности



Четврток, 15 декември 2011 година

Осма седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 8. седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната на животните;
  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Зоран Коњановски, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата, г-ѓа Ленче Николовска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесени се 4 амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за водостопанствата и 6 амандмани по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за ловството, кои Комисијата со по 3 гласа „за“ и 6 „против“ не ги усвои предложените амандмани.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Горан Сугарески, г-ѓа Ленче Николовска, г. Малиша Станковиќ, г. Ванчо Апостолов, г. Васко Пашовски, г-ѓа Светлана Мазгалоска Вучетиќ и г. Саве Марачков.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната на животните, во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не беа поднесени амандмани од овластените предлагачи.

По расправата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство Предлог на законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click