Активности



Четврток, 1 декември 2011 година, Ерусалим

Пратеникот Андреј Петров учествуваше на Конференција за здравство

Членот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, г. Андреј Петров, учествуваше на Конференција на Светската здравствена организација во Ерусалим, на која се разговараше за агендата „2020".

На Конференцијата со тема „Меѓусекторска соработка за подобро здравство и благосостојба“, беа посочени повеќе искуства од различни земји во Европа. Од особено значење беше истакната превенцијата на заболувањата заради подобра здравствена заштита и намалување на трошоците.

Како дел од програмата, беше посетена Националната универзитетска здравствена установа, каде беше демонстриран единствениот здравствен систем на Израел со 2.000 вработени доктори. Дадени беа повеќе аспекти на здравствено осигурување и се разгледаа различни искуства од повеќе земји во Европа.

Исто така, на Конференцијата во Ерусалим, беше претставена и улогата на министерствата и парламентите, како и НВО секторот, во светло на агендата „2020“.

 

Click