Активности



Среда, 13 јули 2011 година

Прва седница на Комисијата за одбрана и безбедност

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, на денешната прва седница, како матично работно тело ја разгледа Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција во Авганистан во состав на Школото за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан (NTM-A).

Потребата од донесување на Одлуката, ја образложи министерот за одбрана, г. Зоран Коњановски.
 
Со одлуката се предлага испраќање на тројца припадници на Армијата на Република Македонија за период од шест месеци, од септември 2011 до февруари 2012 година.

Ова ќе претставува прва ротација во состав на Школата за воена полиција во рамките на НАТО мисијата. Финансиските трошоци на тројцата учесници на оваа школа, ќе бидат покриени од Министерството за одбрана.

По завршувањето на расправата, Комисијата едногласно му предложи на Собранието да ја разгледа и усвои Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција во Авганистан во состав на Школото за воена полиција во рамките на НАТО мисијата за обука во Авганистан  (NTM-A) во предложениот текст.

Click