Активности



Петок, 19 август 2011 година

Прва седница  на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 1. седница одржана на 18 август 2011 година, како матично работно тело во прво читање ги разгледа:

  1. Предлог-закон за дополнување на Законот за ловство (прво читање);
  2. Предлог-закон за дополнување на Законот за селекционерски права (прво читање);
  3. Предлог-закон за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (прво читање);
  4.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата (прво читање);
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња (прво читање);
  6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (прво читање);
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за водните заедници (прво читање);
  8. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните (прво читање);
  9. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарното здравство (прво читање);
  10. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицинските препарати (прво читање).

На седницата на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше г. Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата на Република Македонија министерот Љупчо Димовски, ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, по Предлог-закон за дополнување на Законот за ловство без дискусија со мнозинство гласови го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог законот за дополнување на Законот за ловство (прво читање); од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

По Предлог законот за дополнување на Законот за селекционерски права во дискусијата учествуваа пратениците: г. Панче Орцев, г. Малиша Станковиќ, г. Горан Сугарески, г. Славе Гошев и г. Борче Ставров.

На крајот Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, со 6 гласа „за“ и 5 гласа „против“ го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство го разгледа Предлог законот за дополнување на Законот за селекционерски права (прво читање); од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Во однос на Предлог-закон за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја (прво читање); Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравјето на растенијата (прво читање); Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња (прво читање); Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште (прво читање); Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарното здравство (прво читање); Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицинските препарати (прво читање) Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, без дискусија со 6 гласа „за“ и 4 гласа „против“ го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

На Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во дискусијата учествуваа пратениците г. Борче Ставров по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за водните заедници  и г. Панче Орцев по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

На крајот од дискусијата Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, со 6 гласа „за“ и 4 гласа „против“ го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги разгледа Предлог законите од гледна точка на потребата за донесување на законот, начелата врз кои треба да се заснова законот, основните односи што се уредуваат со законот и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.
Click