Активности

Четврток, 29 декември 2011 година

Седма седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија на денешната 7. седница потпиша Меморандум за соработка за спречување и заштита од дискриминација со Комисијата за заштита од дискриминација, претставена од претседателот, г. Душко Миновски, Народното правобранителство на Република Македонија, претставено од заменик- правобранителот, г-ѓа Невенка Крушаровска и Македонското женско лоби, претставено од извршниот директор, г-ѓа Даниела Димитриевска.

Од страна на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Меморандумот го потпиша претседателот, г-ѓа Лилјана Поповска.

Меморандумот за соработка беше потпишан во функција на подобра комуникација и координација на субјектите во борбата против дискриминацијата и нееднаквоста, а на предлог на пратеници и од опозицијата и од власта.


 

Click