Активности



Четврток, 1 декември 2011 година

Седма седница на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Седмата седница, одржана на 28 ноември 2011 година, како матично работно тело го разгледа:

  • Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи (второ читање).

Комисијата по Предлог-законот водеше претрес по вкупно 8 амандмани поднесени од овластените предлагачи, од кои 1 беше усвоен, додека 7 не беа усвоени.

Врз основа на членот 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за труд и социјална политика, на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи  поднесе  и едногласно усвои 3 амандмани.

Во претресот по поднесените амандмани учествуваа: претседателот на Комисијата, г. Цветанка Иванова; пратениците: г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Станка Анастасова, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Бети Кузмановска и г-ѓа Сузана Анова; заменик-министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими; г-ѓа Лилјана Јанкуловска, претставник  од Сојузот на синдикатите на Македонија; г. Раско Мишковски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија; г. Миле Бошков, претставник на Бизнис конфедерацијата на Македонија и г. Анѓел Димитров, потпретседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.

Комисијата го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

 

 

Click