Активности



Четврток, 15 декември 2011 година

Седма седница на Комисијата за здравство

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија, на 7. седница, одржана денеска, како матично работно тело во второто читање го разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала.

На комисијата, по Предло-законот беа разгледани вкупно 10 амандмани, од кои 8 беа усвоени, 1 не беше усвоен, а 1 амандман беше повлечен од овластените предлагачи.

Комисијата за здравство, со мнозинство гласови, заклучи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во второ читање, да го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

Click