Активности



Петок, 2 декември 2011 година

Шеста седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија на вчерашната 6. седница, како заинтересирано работно тело, во прво читање ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала;
  • Предлог-законот за дополнителна супервизија на финансиски конгломерати.

На седницата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Никола Тодоров, министер за здравство, кој ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во расправата учествуваа пратениците: г. Миле Пачемски, г-ѓа Станка Анастасова и г-ца Маринела Тушева.

Во однос на Предлог-законот за дополнителна супервизија на финансиски конгломерати на седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г-ѓа Ленче Тагасовска, раководител на Сектор во Министерството за финансии, која ја образложи потребата од донесување на Законот од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Во расправата учествуваа пратениците: г-ца Маринела Тушева, г. Павле Трајанов и г. Миле Пачемски.

На крајот од расправата, Комисијата со по десет гласа „за“ по Предлог-законите заклучи дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање, од  аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

 

 

 

 

Click