Активности



Петок, 2 декември 2011 година

Шеста седница на Комисијата за образование, наука и спорт

Комисијата за образование, наука и спорт  на Собранието на Република Македонија, на Шестата седница, одржана на 28 ноември 2011 година,  ги разгледа:

  • Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование, во прво читање;
  • Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип (втора фаза).

Во образложението на Предлогот на законот, повереникот г-ѓа Милка Масникоса, истакна дека со предложените измени и дополнувања на Законот за учебниците во основното и средното образование, се регулира постапката за обезбедување со учебници, којашто се заснова на анализа за употребливоста на учебниците направена од три работни групи на Министерството за образование и наука во по шест основни и средни училишта од различни средини.

Со оглед на констатацијата за минимална оштетеност на учебниците, а поради економичност и ефикасност, се предлага употребата на учебниците да се продолжи на уште три години, а учебниците кои нема да се употребливи, Министерството ќе ги надополнува тековно и по потреба. Од аспект на примената на Законот во праксата, се предлагаат и одредби со кои се регулира работата на Националната комисија. 

Во дискусијата учествуваа пратениците: г. Митре Велјаноски, г-ѓа Ана Павловска-Данева, г. Изет Зеќири, г. Газменд Алији, г. Драгиша Милетиќ, г-ѓа Билјана Казанџиска и г. Николче Ацевски.

Комисијата, врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, со седум гласа „за" и четири „против", констатира дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Воедно, Собранието на Република Македонија дава (даде) согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип и оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

Click