Активности



Среда, 7 декември 2011 година

Втора седница на Комитетот за односи меѓу заедниците

Комитетот за односи меѓу заедниците, на 6 декември 2011 година, ја одржа Втората седница, со дневен ред:

  1. Презентација на анализата на политики за Комисиите за односи меѓу заедниците, изготвена од Здружението Институт за развој на заедниците (ИРЗ) од Тетово, како дел од програмата ИПА 2008 финансирана од страна на Европската унија;
  2. Утврдување агенда на активности на Комитетот за односи меѓу заедниците со цел донесување на Програма за работа на Комитетот за 2012 година.

На седницата присуствуваа мнозинството членови на Комитетот, пратеници, а беа присутни и претставници од Министерството за локална самоуправа, од Здружението Институт за развој на заедницата (ИРЗ) од Тетово, претставници на Делегацијата на Европската унија во РМ, на Mисијата на ОБСЕ во Скопје, претставници на НДИ, ЗЕЛС, од германската непрофитна организација Кристијан Шварц-Шилинг, која непосредно работи на проектот ЦССП за Македонија, од УНДП, како и од Институтот за парламентарна демократија.

Во однос на втората точка, членовите на Комитетот дадоа конструктивен придонес со предлагање бројни прашања, предлози, идеи и актуелни теми, кои се однесуваат на односите меѓу заедниците во РМ.

Предлозите ќе бидат земени предвид и разгледувани на седница на Комитетот за која ќе се изготви Драфт верзија на Програмата за работа и ќе се утврди Агендата на активности на Комитетот за односи меѓу заедниците со цел донесување на Програма за работа на Комитетот за 2012 година. 

         

 

Click