Активности

Вторник, 27 декември 2011 година

Заедничка седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции

Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија одржаа заедничка седница, на која се расправаше за  трите тримесечни информации во однос на  реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската унија - Ревизија 2011,  за периодот јануари-септември  2011 година, изготвени од Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

Воведно образложение по  информациите даде вицепремиерот за европски прашања, д-р Теута Арифи, која, меѓудругото, информира за реализираните активности во  наведениот период, но и за разговорите што ги остварила со г-ѓа Хилари Клинтон во Соединетите Американски Држави, како и за средбите со повеќе европските дипломати во Брисел. 

Притоа, вицепремиерот Арифи најави дека во јануари следната година до Собранието на Република Македонија ќе биде доставена и Националната програма за усвојување на правото на ЕУ - Ревизија 2012, како и Акцискиот план за реализирање на препораките кои произлегоа од Годишниот извештај за напредокот на земјата, кој ни беше доставен од Европската комисија во октомври годинава.

Во расправата по точката од дневниот ред, пратениците и останатите членови на Националниот совет за евроинтеграции,  искажаа позитивни, но и негативни критики за  евроинтегративниот процес на Република Македонија, со посебен акцент на Одлуката на Меѓународниот суд на правдата  во Хаг, во однос на почитувањето на Времената спогодба меѓу Република Грција и Република Македонија, заклучоците на Европскиот совет во декември, како и за степенот на реализација на реформите во судството, јавната администрација, имплемантацијата на Охридскиот рамковен договор, вклучувањето на невладините организации во евроинтеграциите, децентрализацијата и за други поважни аспекти на евроинтегративниот процес во земјата.

Во расправата по точката од дневниот ред учествуваа: претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Хајрула Мисини, претседателот и заменик-претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, г-ѓа Радмила Шекеринска-Јанковска и г-ѓа Силвана Бонева, како и пратениците: г. Гордан Горгиев, г. Ивон Величковски, г. Павле Трајанов, г. Тито Петковски, г. Антонио Милошоски, г. Илија Димовски, г. Изет Зеќири и претставникот на невладиниот сектор, г-ѓа Тања Хафнер-Адеми.

дневен редзаписникстенографски белешки

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.