Соопштенија

Среда, 9 ноември 2011 година
 
Учество на есенското заседание на парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ)
 
Во периодот 10-11 ноември 2011 година, во Белград, Република Србија, ќе се одржи есенското заседание на парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

Во работата на оваа конференција ќе учествува и шефот на Собраниската делегација на ЦЕИ, г-ѓа Весна Бендевска, која ќе има и свое обраќање на тема „Перспективите и развојот на Централно европската иницијатива“.
Click