Соопштенија



Вторник, 12 јули 2011 година

Учество на Парламентарен семинар на тема: „Транспорт и инфраструктура во регионален контекст" во Брисел

Во организација на Европскиот парламент на 12 и 13 јули 2011 година во Брисел, Кралството Белгија се одржува Парламентарен семинар на тема: „Транспорт и инфраструктура во регионален контекст". На семинарот предвидено е учество на делегации од парламентите на земјите од Западен Балкан, пратеници од Европскиот парламент и Комисијата за транспорт, претставници на Европската комисија и други европски институции и агенции. Од Собранието на Република Македонија, учество ќе земат пратениците: Илија Димовски, Панче Орцев, Хајрула Мисини и Имер Алиу.

Семинарот е посветен на прашањата поврзани со транспортната политика во меѓународен контекст и активностите на Комисијата за транспорт при Европскиот парламент, предложениот Договор за транспортната заедница со Западен Балкан, аспектите на транспортот и инфраструктурата на Европската унија во дунавскиот регион и територијалната соработка.

На настанот предвидено е и споделување на искуства во делот на транс-европските мрежи и можностите за вклучување на земјите од Западен Балкан, искуството во преговорите на Република Хрватска во транспортната политика (Поглавје 14) и евалуација на транспортните и инфраструктурните врски како меѓу земјите од Западен Балкан, така и со ЕУ, преку тековните проекти во делот на транспортот и инфраструктурата.

 


Click