Соопштенија

Среда, 2 ноември 2011 година
 
Деветти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија 

 
Деветтиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија ќе се одржи на 3 и 4 ноември 2011 година во Кристална сала, а врз основа на член 114 од Спогодбата за стаблизиција и асоцијација на Република Македонија со Европската унија, како и врз основа на Правило 6 од Деловникот за работа на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европска унија.
  
На состанокот ќе учествуваат пратеници од Делегацијата на Собранието на Република Македонија и европратеници од Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет -Република Македонија и Европска унија, а свои обраќања ќе имаат и г-ѓа Теута Арифи, заменик-претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г. Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, г. Роберт Лидел, вршител на должност шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија и г. Ричард Хјуит, известител за Република Македонија од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент

Во рамките на состанокот ќе бидат разгледани повеќе прашања во врска со односите на Република Македонија и Европската унија, како што се: одбележување на 10-годишнината од донесувањето на Охридскиот рамковен договор во контекст на културниот диверзитет во Република Македонија; реформите на јавната администрација, судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и актуелната состојба со визната либерализација; граѓанското општество и учеството на граѓаните во процесот на одлучување, слободата на изразување и медиумите; економската состојба, кризата во Евро-зоната и ефектите врз Република Македонија, како и за транспортните коридори во земјата и искористување на средствата од европските фондови за нивна реализација.

На крајот на овој состанок, како што е вообичаено, се очекува да бидат разгледани и усвоени Завршни препораки.

 

 

 
Click