Соопштенија

Петок, 11 ноември 2011 година
 
Положување венци свежо цвеќе 

 
По повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г-ѓа Сузана Салиу, потпретседател на Собранието на Република Македонија и членовите г. Владимир Ѓорчев, г. Рафет Муминовиќ, г-ѓа Тања Томиќ и г. Сафет Бишевац, ќе положи венци свежо цвеќе.

На 13 ноември 2011 година (недела), во 10,00 часот, делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел.

Во 10,30 часот делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе во алејата на заслужни граѓани на гробот на генерал Михајло Апостолски во Бутел.

Во 11,30 часот делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на ослободителите на Скопје пред Владата на Република Македонија.
Click