Соопштенија



Петок, 2 септември 2011 година

Средба на Кенан Хасипи со европратеникот Јорго Шацимаркакис

 
Ко-претседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европска унија (МПК-Република Македонија и ЕУ), пратеникот г. Кенан Хасипи, на 5 септември 2011 година во Собранието на Република Македонија ќе оствари средба со својот колега и европратеник, г. Јорго Шацимаркакис.

Посетата се реализира на маргините на Конференцијата на тема: „Децентрализацијата и мулти-кулурализмот во Македонија", по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста на Република Македонија и 10-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Средбата е на барање на г. Шацимаркакис, по изборот на нов парламентарен состав во Собранието на Република Македонија и назначувањето на г. Кенан Хасипи за ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија.

Целта на посетата е поблиско запознавање на двајцата ко-претседавачи и во функција на размена на мислења за досегашните активности на ова значајно тело во процесот на европските интеграции на Република Македонија и активностите на овој комитет во наредниот период.

Click