Активности



Понеделник, 16 јануари 2012 година

Четиринаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четиринаесеттата седница, одржана на 12 јануари 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за прогласување на локалитетот „Езерани” на Преспанско Езеро за парк на природата - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (прво читање);
  3. Предлог-законот за дополнување на Законот за воздухопловство (прво читање).

На седницата на Комисијата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа: г. Стево Темелковски, заменик-министер за животна средина и просторно планирање и г. Тахир Хани, заменик-министер за транспорт и врски.

Во образложението на Предлог-законите, претставниците на Владата ја нагласија потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска, г-ѓа Дивна Јовковска-Ефтимоска, г. Благоја Стојановски и г. Јани Макрадули.

На крајот од расправата, Комисијата со 6 гласа „за“ и 2 „против“ по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта и едногласно по Предлог-законот за прогласување на локалитетот „Езерани” на Преспанско Езеро за парк на природата и Предлог-законот за дополнување на Законот за воздухопловство, оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.

 

 

 

 

 

 

 

Click