Активности



Понеделник,  16 јануари 2012 година

Седумнаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 17. Седница, одржана на 10 јануари 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија (прво читање);
  2. Предлог-законот за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција (прво читање);
  3. Предлог-законот за изменување и допoлнување на Законот за државните службеници (прво читање);
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници (прво читање).

Потребата од донесување на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија ја образложи претставникот на Владата на Република Македонија, г. Милан Андоновски, раководител на сектор во Министерството за одбрана додека Предлог-законот за изменување и допoлнување на Законот за државните службеници и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните службеници ги образложи претставникот на Владата на Република Македонија, г-ѓа Марта Томовска-Арсовска, заменик-министерот за информатичко општество и администрација.

Во расправата по Предлог-законот за изменување и допoлнување на Законот за државните службеници учествуваа пратениците: г-ѓа Ана Павловска- Данева, г-ѓа Силвана Бонева, г. Илија Китаноски, г. Ромео Тренов и г-ѓа Весна Бендевска.

Врз основа на расправата и членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, со 5  гласа „за“ и 3 „против“ по Предлог-законотот за изменување и допoлнување на Законот за државните службеници, едногласно по Предлог- законот за изменување и допoлнување на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија и Предлог-законот за изменување и допoлнување на Законот за јавните службеници, констатираше дека се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Материјалот по Предлог-законот за изменување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција во прво читање беше повлечен на седницата од овластениот предлагач.


 

Click