Активности



Среда, 31 октомври 2012 година

Дваесет и седма седница на  Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и седмата седница, одржана на 24 октомври 2012 година, во прво читање го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше, г. Тахир Хани,  заменик-министер за транспорт и врски, кој даде образложение за потребата од донесувањето на законот, од аспект на неговата усогласеност со правото на Европската унија.

Комисијата со осум гласа „за“ му предложи на Собранието на Република Македонија дека Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешна пловидба е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

 

Click