Активности



Петок, 14 декември 2012 година

Дваесет и деветта седница  на Комисијата за труд и социјална политика

Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на Република Македонија, на Дваесет и деветтата седница, одржана на 12 декември 2012 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, по скратена постапка;
  3. Предлогот на закон за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, второ читање;
  4. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, второ читање;
  5. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања, прво читање;
  6. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, прво читање;
  7. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, прво читање;
  8. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, прво читање;
  9. Предлогот на закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, прво читање, поднесен од пратениците: Радмила Шекеринска, Гордан Георгиев, Наташа Савова, Игор Ивановски, Тања Томиќ, Ана Павловска Данева, Оливер Спасовски, Горан Минчев, Благоја Стојановски, Самка Ибраимоски, Драгиша Милетиќ, Марјанчо Николов, Маринела Тушева, Емилијан Станковиќ, Билјана Казанџиска, Миле Андонов, Голупчо Ангелов, Станка Анастасова, Андреј Петров, Панче Орцев, Горан Сугарески, Цветанка Иванова, Саве Марачков, Светлана Мазгалоска Вучетиќ, Борче Ставров, Јани Макрадули, Весна Бендевска, Митре Велјаноски, Ердоган Сарач, Дивна Јовковска Ефтимоска, Менде Диневски, Стојко Пауновски, Тито Петковски, Ивон Величковски, Горан Мисовски, Соња Мираковска, Николче Ацевски, Рејхан Дурмиши, Фијат Цаноски, Ленче Николовска, Мевмет Џемајлоски и Сафет Бишевац.

- Претседавачот на Комисијата за труд и социјална политика, г. Миле Пачемски, констатираше дека до почетокот на седницата, по Предлогот на закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, поднесени се два амандмани од пратениците на пратеничката група на СДСМ, кои од страна на Комисијата не беа усвоени.

Во амандманската расправа учествуваа пратениците: г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Сузана Анова, г-ѓа Соња Мираковска, г-ѓа Самка Ибраимоски, г-ѓа Станка Анастасова, г. Митре Велјаноски, г. Ирфан Деари, г. Александар Николовски, г-ѓа Бети Кузмановска и Министерот за труд и социјална политика,  г. Спиро Ристовски.
По завршувањето на амандманската расправа, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието.

- По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита беа поднесени вкупно 4 амандмани, од кои Комисијата не усвои ниту еден.

Во амандманската расправа учествуваа пратениците: г-ѓа Весна Бендевска, г-ѓа Цветанка Иванова, г-ѓа Сузана Анова, г-ѓа Весна Пемова, г. Самка Ибраимовски, г-ѓа Билјана Казанџиска, г-ѓа Станка Анастасова, г-ѓа Светлана Мазгаловска-Вучетиќ, г-ѓа Силвана Боневав и г-ѓа Бети Кузмановска, како и министерот за труд и социјална политика, г. Спиро Ристовски.
По обемната амандманска расправа, Комисијата за труд и социјална политика го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

- Претседавачот Пачемски, по Предлогот на законoт за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, констатираше дека во законски предвидениот рок не се поднесени амандмани од обвластени предлагачи.

По предложениот закон не се водеше расправа, а Комисијата го проследи на натамошна постапка во Собранието.

- Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, г. Пачемски констатираше дека во законски предвидениот рок, се поднесени вкупно шест амандмани, од кои Комисијата не усвои ниеден.

Во амандманската расправа учествуваа: пратеникот Цветанка Иванова и министерот Ристовски.

По завршувањето на амандманската расправа, Комисијата го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот на натамошна постапка во Собранието.

- Потребата од донесување на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, ја образложи министерот Ристовски, во согласност со образложенијата од Предлог-законите.

Во расправата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г-ѓа Цветанка Иванова, г. Самка Ибраимовски и г-ѓа Весна Бендевска.

Врз основа на расправата и член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за труд и социјална политика констатираше дека овие Предлог-закони се прифатливи и може да се дадат на натамошно читање.

- Пратеникот Марјанчо Николов ја образложи потребата од донесување на Предлогот на законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со општествена и државна сопственост.

Во расправата учествуваа пратениците: г-ѓа Билјана Казанџиска и г. Оливер Спасовски.

Врз основа на расправата и член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата со 3 гласа „за“ и 8 „против“ констатираше дека овој Предлог-закон не е прифатлив и не може да се даде на натамошно читање.

Click