Активности



Петок, 14 декември 2012 година

Четириесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 40. седница и нејзиното прво продолжение, одржани на 11 и 12 декември 2012 година, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лична карта;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Заменик-претседателот на Kомисијата, г-ѓа Светлана Јакимовска, по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за лична карта, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

По Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Комисијата разгледа и не усвои вкупно 6 амандмани од овластените предлагачи.

Во претресот по поднесените амандмани учествуваа пратениците: г-ѓа Весна Бендевска, г. Илија Китаноски, г. Драгиша Милетиќ, г-ѓа Ана Павловска-Данева, г. Горан Сугаревски, г. Ердоган Сарач и г. Изет Зекири, како и заменик-министерот за правда, г-ѓа Билјана Бришкоска-Бошковски.

Во однос на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Комисијата разгледа и не усвои вкупно 2 од поднесените амандмани од овластените предлагачи.

Во претресот по поднесените амандмани учествуваа пратениците: г-ѓа Весна Бендевска и г-ѓа Ана Павловска-Данева, како и заменик-министерот за правда.

На крајот од расправата, Комисијатa ги проследи Предлог-законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 

Click