Активности



Петок, 30 ноември 2012 година

Четириесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и првата седница одржана вчера, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство (второ читање);
  2. Предлог-закон за изменување на Законот за железничкиот систем (второ читање);
  3. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (второ читање);
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (прво читање);
  5. Предлог-закон за автокампови (прво читање);
  6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај (прво читање);
  7. Предлог-закон за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија (прво читање).

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Тахир Хани, заменик-министер за транспорт и врски.

По Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство, Предлогот на законот за изменување на Законот за железничкиот систем и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба, претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека согласно рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата, без дискусија, заклучи овие Предлог-закони да се проследат на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Во образложението на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Предлогот на законот за автокампови, Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и Предлогот на законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

На крајот, Комисијата за овие четири Предлог-закони го усвои следниот заклучок:

  • Комисијата за транспорт, врски и екологија ги разгледа  Предлог-законите од гледна точка на потребата за донесување на законите, начелата врз кои треба да се засноваат законите, основните односи што се уредуваат со законите и начинот на кој се предлага нивното уредување и согласно член 142, став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија оцени дека Предлог-законите се прифатливи и дека треба да се дадат на натамошно читање.
Click