Активности
Петок, 14 декември 2012 година

Четириесет и втора седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, како матично работно тело, на Четириесет и втората седница. одржана на 12 декември 2012 година, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка.

По Предлог-законот беа пондесени вкупно 18 амандмани од овластените предлагачи, од кои Комисијата 12 усвои, а 6 не усвои.

Врз основа на член 149 став (2) од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата за транспорт, врски и екологија поднесе и усвои 2 амандмани.

По расправата, Комисијата заклучи Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, по скратена постапка, да се проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

 

 
 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.