Активности



Понеделник, 26 ноември 2012 година

Четириесет и четврта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на Четириесет и четвртата седница, одржана денеска, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (второ читање).

По Предлог на законот Комисијата го разгледа:

  • Амандманот на член 1 за додавање на точка 8-б, по точката 8-а, поднесен од пратениците Марјанчо Николов и Миле Андонов, под архивски број 07-4209/2.

Амандманот го образложи пратеникот Марјанчо Николов.

Заменикот на министерот за финансии не се согласи со поднесениот амандман.

Со четири гласа „за“ и шест „против“, Комисијата не го усвои овој амандман.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност на натамошна постапка во Собранието.

Click