Активности



Петок, 20 јануари 2012 година

Албанија е силен сојузник во интегрирањето на Македонија во НАТО

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот, г. Владимир Ѓорчев, денеска оствари средба со г. Арбен Имами, министер за одбрана на Република Албанија.

На средбата присуствуваа и членовите на Комисијата: г. Оливер Спасовски, г. Милорад Додевски, г. Талат Џафери, г. Веле Ѓорѓиевски и г. Орхан Ибраими.

Претседателот на Комисијата, г. Владимир Ѓорчев, на почеток од средбата им посака добредојде на гостите, истакнувајќи ги добрите пријателски односи помеѓу двете соседни држави на секое поле, со надеж дека во иднина тие ќе се интензивираат.

Министерот Имами  посочи дека Република Албанија е силен сојузник во интегрирањето на Македонија во НАТО, дека тоа е во интерес на мирот, безбедноста, стабилноста и развојот на регионот, но и во најдобар интерес и за Република Албанија.

Присутните уште еднаш ја потврдија добрата соработка меѓу двете земји на парламентарно ниво, потоа во областа на безбедноста и одбраната, како и простор таа соработка да биде проширена и на економско ниво во поглед на инфраструктурата.

На средбата, воедно, беше поздравена и неодамнешната ратификацијата за слободно движење на граѓаните помеѓу двете земји само со лични карти.

 

Click