Активности

Среда, 4 јануари 2012 година

Данска - нов претседавач со ЕУ

Од почетокот на новата година, Данска ја презеде од Полска улогата на претседавач со Европската унија. Како свои приоритети за наредните шест месеци Данското претседателство ги издвои: економијата, развојот, екологијата и безбедноста, поделени во четири столбови: одговорна, динамична, зелена и безбедна Европа.

Данска, меѓу другото, ќе се залага за надминување на финансиска криза на Стариот континент и спречување на нејзино повторување во иднина, потоа за отворање нови работни места, за максимален влез во дигиталната ера, искористување на потенцијалите на заедничкиот пазар, за еколошки развој, соработка во Шенген-зоната, како и заедничка борба против криминалот и тероризмот.

Во однос на проширувањето на ЕУ, официјален Копенхаген смета дека тоа е во корист на цела Европа и ќе ја поддржи оваа политика.

Шестмесечното ротирачко претседателство со Унијата, на 1 јули 2012 година, Данска ќе му го отстапи на Кипар.

 




Click