Активности



Вторник, 10 јануари 2012 годинa

Десетта седница на Комисијата за надворешна политика

Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија, на Десеттата седница, одржана на 9 јануари 2012 година, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Финансискиот инструмент за цивилна заштита и Механизмот за цивилна заштита на Заедницата;
  2. Предлог-законот за ратификација на Договор за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија;
  3. Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина во областа на образованието и науката;
  4. Предлог-законот за ратификација на Меморандумот меѓу Советот на министри на Република Албанија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Македонија, Владата на Република Србија, Владата на Република Словенија, Владата на Република Хрватска и Владата на Црна Гора за порамнување на долгот на Република Албанија во врска со порамнување на износите на сметките во рамки на стоковата размена помеѓу Република Албанија и поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија;
  5. Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Косово за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и на капитал;
  6. Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу земјите членки на здравствена мрежа на Југоисточна Европа за аранжманите на земјата домаќин за седиштето на Секретаријатот на здравствената мрежа на Југоисточна Европа.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи.

Врз основа на расправaта, Комисијата едногласно заклучи да му предложи на Собранието да ги разгледа предложениете Предлог-закони и истите да ги донесе.

 

Click