Активности



Четврток, 12 јануари 2012 година

Деветта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 9. седница, одржана на 10 јануари 2012 година, како заинтересирано работно тело, ги разгледа:

  • Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Финансискиот инструмент за цивилна заштита и Механизмот за цивилна заштита на Заедницата;
  • Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија.
    На седницата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Горан Стевчевски, државен советник во Министерството за надворешни работи, кој ја образложи потребата од донесување на Предлог-законите.

Комисијата со седум гласа „за“ по Предлогот на законот за ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Европската унија за учество на Република Македонија во Финансискиот инструмент за цивилна заштита и Механизмот за цивилна заштита на Заедницата и со десет гласа „за“ по Предлогот на законот за ратификација на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Република Албанија во контекст на процесот на пристапување кон Европската унија, заклучи да му предложи на Собранието на Република Македонија да ги разгледа и донесе предложените Предлог-закони.

 

 

 

Click