Активности



Понеделник, 30 јануари 2012 година

Учество на пратеникот Хајрула Мисини на конференција во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Хајрула Мисини, денеска учествува на Конференцијата на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, која се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседателство со Европската унија.

На Конференцијата, која ја отвори претседателот на Данскиот парламент, г. Могенс Лукетофт, фокусот на расправата беше европската економска криза, за што воведно обраќање имаше и еврокомесарот за внатрешни институционални односи и администрација, г. Марош Шевчовиќ.

Притоа, дискутантите се осврнаа на актуелните економски проблеми во земјите од кои доаѓаат и можностите за нивно надминување.

Во рамките на агендата, на Конференцијата се водеше и обемна расправа за Климатската и Енергетската политика 2020, како дел од приоритетите на Данското претседателство.

На маргините на Конференцијата, г. Мисини оствари повеќе средби со претседателите на Комисиите за европски прашања на Бугарија, Словачка, Словенија, Турција, Италија, Црна Гора и други.


 

Click