Активности



Петок, 3 февруари 2012 година, Вашингтон

Учество на делегација на Собранието на Република Македонија на Молитвен појадок

Делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците г. Владимир Ѓорчев, г. Јани Макрадули и г. Неџати Јакупи, од 30 јануари до 3 февруари 2012 година, се во посета на Соединетите Американски Држави.

Пратениците присуствуваа на годишниот Молитвен појадок, кој го приреди американскиот претседател, г. Барак Обама.

За време на посетата, пратениците остварија средби со претседателот на Националниот демократски институт, г. Кенет Волак и со регионалниот директор за Централна и Источна Европа, г. Роберт Бенџамин.

Во текот на вчерашниот ден, пратениците остварија средби и со повеќе конгресмени: г. Дејвид Дреер, г. Роберт Адерхолт, г. Бил Паскрел, г. Дејвид Прајс, г. Елиот Енгел и г. Кендис Милер.

Во пресрет на претстојниот НАТО самит во Чикаго, на сите овие средби, покрај прашањето за интензивирање на македонско-американските односи, се актуелизираше и прашањето за влез на Република Македонија во Алијансата.

Click